Home Спорт Роналдо реши да ја бојкотира и ФИФА! Дали наградата ќе заврши во рацете на Модриќ?

Роналдо реши да ја бојкотира и ФИФА! Дали наградата ќе заврши во рацете на Модриќ?

Супер-ѕвездата Кристиано Роналдо неодамна ја бојкитираше УЕФА, а медиумите најавуваат дека денес ќе ја бојкотора и церемонијата на ФИФА за најдобар играч.

Роналдо е еден од тројцата номинирани кандидати за „The Best“, па се шпекулира дека неговото отсуство е доказ дека веќе го дознал победникот.

„Никој од Јувентус нема да присуствува на церемонијата затоа што нема време. Тимот се врати доцна во Торино, а нов натпревар се игра во среда. Се заблагодаруваме на повикот, но нема да може никој да присуствува“, соопштија од Јувентус.

Церемонијата организирана од страна на ФИФА за доделување на наградата „The Best“ ќе се одржи вечерва, а се поизвесно е дека наградата ќе заврши во рацете на Лука Модриќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…