„Бомба“ од „Титаник“: Протоѓер наредува „да се исплатата цигани мигани, све живо“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во рамки на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје за „Титаник“, предметот кој е во надлежност на Специјалното јавно обвинителство, во разговор од 1 јуни 2011 година разговараат ексминистерот Миле Јанакиески со Мартин Протоѓер.

Протоѓер на 4 дена пред парламентарните избори во 2011 година, на Јанакиески му вели: „Дај му на Кире податоци за цигани, мигани, све живо. Денеска до 3 да завршите работа со исплата со се. Купени се вишe пола“.

Во друг разговор, обвинетата Катерина Веловска на Миле Јанакиески му вели дека работи интензивно во кол-центарот: “Вртиме на списоците што ги собираше ти. Само на одговорните вртиме, на никој друг”.

Во следен разговор соговорник го прашува Миле Јанакиески на денот на изборите 5 јуни 2011 година, дали почнале да ги читаат од СДСМ на глас во избирачките одбори: “Почнаа ли да ги читаат овие од СДСМ на глас?” Миле раскажува дека станал рано во 6.50 и бил по избирачките места.