Роналдо ќе потпише договор со Ал-Наср од кој ќе заработи една и пол милијарда долари – ќе лобира за Арапите го добијат Мундијалот во 2030


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трансферот на Кристиано Роналдо во Саудиска Арабија е само прашање на време, а сега се откриваат нови детали.

Имено, Роналдо со Ал-Наср ќе потпише 7-годишен договор, кој ќе биде најбогатиот договор во историјата на фудбалот.

Португалецот ќе игра 2,5 години за кои ќе заработи 500 милиони долари, а потоа ќе има улога на амбасадор и неговата плата ќе се зголемува.

„Марка“ открива дека 2030 година Роналдо во Саудиска Арабија ќе заработи 1,4 милијарди долари.

Роналдо ќе учествува во кампањата за да оваа земја го добие Мундијалот во 2030 година.