Home Вебкафе Катарците ќе ги преуредуваат стадионите кои ги изградија за Светското првенство – еве во што ќе ги пренаменат

Катарците ќе ги преуредуваат стадионите кои ги изградија за Светското првенство – еве во што ќе ги пренаменат

Со 172 погодоци во 64 натпревари, Светското првенство кое се одржа во Катар беше најефикасно во историјата, а со нешто повеќе од 3,4 милиони гледачи на стадионите беше третиот најгледан турнир од 1930 година.

Катар за потребите на ова првенство инвестираше вкупно 220 милијарди долари, од кои 6,5 милијарди се потрошени на стадионската инфраструктура.

Светското првенство се играше на 8 стадиони, но дури седум ќе бидат користени во други цели откако ќе заврши Азискиот фудбалски куп што ќе се игра следната сезона.

На најголемиот стадион „Лусаил Ајконик“, на којшто се играше финалето меѓу Аргентина и Франција, ќе му биде намален капацитетот и ќе биде преуреден во станбено-деловен комплекс во кој ќе има и болница, училиште, трговски центар.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Јапонска работа

Чистење на најточниот и најбрз воз од легендарната јапонска железничка мрежа Шинкансен. На…