Петочна и викенд временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска во Македонија наутро по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а попладне сончево со мала до умерена облачност и дневна температура од 8 Целзиусови степени. Маврово 8, Охрид, Битола Лрива Паланка и Берово 9, Кавадарци 10, Дојран 13 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини магливо или со ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 9 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а попладне сончево со мала до умерена облачност.