Роналдо: Јувентус е најдобриот тим за кој сум играл!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо даде опширно интервју за еминентниот италијански весник „Газета дело Спорт“.

Во интервјуто Роналдо откри зошто го избрал Јувентус, дали му недостасува Меси, а проговори и за „Златната топка“.

„Ова лето имав неколку опции. Никогаш нема да откријам кои клубови се во прашање, но Јувентус ме сакаше најмногу. Овој клуб има таква традиција што не можев да го одбијам. Ја запознав атмосферата на Алијанц стадионот кога гостував со Реал и почуствував дека луѓето овде ме сакаат. Не можам да кажам дека дојдов во најдобриот клуб во светот, бидејќи позади мене се девет години во Реал и тоа не е споредливо, но 100% сум сигурен дека го направив вистинскиот избор“, истакна Роналдо.

„Можам да кажам дека ова е најдобрата група на фудбалери со кои некогаш сум играл. Вистински тим. Во други клубови поединци себе се сметаа за поважни од останатите, додека во Јуве сите се на исто ниво. На пример ако Дибала или Манџукиќ не постигнат гол, секако ќе бидат пресреќни ако тимот победи. За мене тоа е прекрасно, така ја разбрав разликата помеѓу Мадрид и Торино. И во соблекувалната на Реал имаше скромни момци, но овде сите се скромни и има фамилијарна атмосфера“, открива Португалецот.

На крајот Роналдо проговори и за „Златната топка“, која оваа година му припадна на Лука Модриќ.

„Сметам дека секоја година ја заслужувам Златната топка. Сепак, ако не успеам да ја добијам, не е крај на светот. Ја почитувам одлуката на жирито, но на терен се трудам да ја заслужам, бидејќи бројките не лажат. Меѓутоа, воопшто не сум несреќен ако не ја освојам. Лука Модриќ ја заслужи за 2018 година, но следната година ќе направам се за да се вратам на врвот“, заклучи Роналдо.

Што изјави Роналдо за неговиот вечен ривал Лео Меси, може да прочитате ОВДЕ.