Роналдо ја промени историјата на ЛШ: Никој, никогаш не направил вакво нешто!


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва на „Сантиаго Бернабеу“ ја пречека Борусија Дортмунд во последното коло го групната фаза во Лигата на шампиони, а тоа беше шанса Кристиано Роналдо да влезе во историјата на ова натпреварување.

Имено, Португалецот постигна гол во 13-та минута и со тоа стана првиот играч во историјата кој постигнал гол на секој натпревар во групната фаза. Дел Пиеро и Ребров беа блиску до остварување на ваков подвиг во сезонаите 1995/96 и 1997/98, како и Нејмар вчера.