Роналдо и Георгина го кренаа на нозе Портофино


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По завршувањето на сезоната во Серија А, фудбалерите на Јувентус очекувано добија неколку денови заслужен одмор, пред осминафиналето од Лигата на шампионите против Лион.

Фудбалерите не патувале надвор од Италија, па ја искористиле можноста да се „одморат“ на италијанскиот брег.

Кристиано Роналдо, кој одмара со семејството во Портофино, повторно е во центарот на вниманието. Тој синоќа прошета со Георгина и неговите пријатели на вечера, па очекувано цело Портофино беше „на нозе“.

По кратката прошетка се сместија во ресторанот „Ла Лангостерија“ каде престојуваа неколку часа. Со Роналдо беше и неговото обезбедување со цел фановите да не му пречат во дружбата. А, нивната задача единствено беше никој освен келнерите да не се доближува до масата на Роналдо.

На Роналдо му се придружи на вечерата неговиот поранешен соиграч на Спортинг, Жозе Семедо со кого се големи пријатели.