Роналдо: Гризман ми призна дека ме мрази!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Угледниот „Франс Фудбал“ треба утре да објави ексклузивно интервју со Кристиано Роналдо, а веќе се појавија некои детали во јавноста.

Португалецот открил дека со Гризман се сретнал непосредно по завршувањето на Европското првенство во Франција, во еден ресторан во Мајами.

„Непосредно по финалето, додека бев на одмор во Мајами, го сретнав Гризман во ресторан каде вечераше. Дојде до мојата маса и со насмевка ми рече: ‘Кристијано те мрзам’“.

Роналдо во интервјуто откри и детали од финалето на Европското првенство кое се играше на „Стад де Франс“.

„Ќе бидам искрен и ќе откријам една анегдота. Кога излеговме да се загреваме, воочив дека Французите се премногу релаксирани. Секако дека секој има право да се смее пред натпревар, но тие изгледа премногу среќни и задоволни. Како веќе да победиле на финалето. Таквиот нивен однос нас ни даде предност во финалето. Им порачав на моите соиграчи. Момци, Французите веќе ја слават победата, мислат дека лесно ќе не победат, а нема да биде така. На крајот тоа и се случи“, изјави Роналдо.