Роналдо го осудија на 2 години затвор, тој ќе ги замени за 19 милиони евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Официјално најдобриот фудбалер на светот, Кристиано Роналдо беше осуден од страна на шпанскиот суд на две години затвор поради обвинението дека затајувал данок.

Меѓутоа, казната ќе биде заменета со финансиска санкција од 19 милиони евра, која Роналдо се согласил да ја плати во две транши.

Роналдо беше обвинет дека во период од 2011 до 2014 година затаил 14,7 милиони евра. Португалецот и обвинителството конечно постигнаа договор, па целата драма конечно ќе биде завршена.

Роналдо веќе се пресели во Италија, а медиумите тврдат дека повеќе не сака да има никаква врска со Шпанија и ја продава вилата и целиот имот во Мадрид.