Инстаграм ѕвездата тврди: „Инстаграм инфлуенсери“ за брзо ќе пропаднат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Инстаграм ликот со корисничко име Fat Jewish, еден од најпознатите и највлијателни фаци на Инстаграм, тврди дека се ближи крајот на сите кои изградија кариери на таа социјална платформа.

Со оглед на фактот дека типот е еден од зачетниците на таканаречениот феномен „Инстаграм инфлуенсери“, односно луѓе кои имаат голем број на следбеници на таа социјална мрежа, па следствено и големо влијание врз таа заедница со своите објави, сите кои изградија „име“ преку Инстаграм треба сериозно да ги сфатат неговите прогнози.

A post shared by thefatjewish (@thefatjewish) on

„Сите сакаат да станат инфлуенсери, никој не сака да работи“, вели тој за CNN Money и додава: „Мислам дека луѓето треба да научат како да создаваат нешто од самиот негов почеток. Со тоа ќе дотуркате подалеку отколку преку интернет“.

Иако Џош Островски, како што вистински се вика типот, уште е на врвот од неговата слава, за разлика од останатите е свесен дека тој тренд и динамика нема уште долго да траат.

Со пријателите тој ја иницираше компанијата Swish, која се бави со производство на вина со интересни имиња.

„На луѓето им е доста од социјалните мрежи, бидејќи веќе безброј пати ја виделе фотката од твоето дете или залезот на Сонцето над Лос Анџелес. Сакаме на луѓето да им пружиме вистински работи, затоа се преориентирав кон производството на вино“, потенцира Џош.

Тој тврди дека во еден момент ќе има толку многу инфлуенсери што нивната вредност драстично ќе падне.