Родов јаз во работните места: 46 проценти од Македонките не се дел од пазарот на труд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Жените во Македонија во просек се платени за 12,5 отсто помалку од нивните машки колеги, и тоа за иста работа. Ова го покажа истражувањето што во земјава го спроведе институтот Фајнанс Тинк. Но, истражувањето открива и дека оваа разлика во платите меѓу мажите и жените кои работат исти професии, може да биде и уште поголема, во што се вклучени повеќе фактори.

Кога ќе се земат во предвид карактеристиките како образование, стаж и возраст и во кое занимање се профилираат овој јаз се зголемува на 17,3 проценти. Кај населението пак со најмногу основно образование овој јаз достигнува до 28 проценти. Тоа значи дека жените за работа со иста вредност заработуваат помалку од мажите, изјавува Благица Петрески, Фајнанс Тинк.

Најголемиот дел од родовиот јаз во платите е поради големата неактивност на жената на пазарот на труд. Едноставно, дури 46 отсто од жените воопшто не бараат работа. Ова јa влошува финансиската состојба во семејствата, бидејќи само еден родител работи. Затоа се предлага дел од мерките за вработувања да бидат насочени за поттикнување на активноста на жените на пазарот на трудот и надминување на стереотипите за машка и женска професија.

Исто така, Родовиот јаз во платите не е проблем само на Македонија. Според последните податоци на Евростат, во Европската Унија мажите во просек биле за 16,4 отсто подобро платени од жените.