Home Шоубизнис Родителите гневни поради кадри со полови органи во новата тинејџерска серија на НВО

Родителите гневни поради кадри со полови органи во новата тинејџерска серија на НВО

Новата серија во продукција на НВО која го следи животот на тинејџерите исполнет со дроги и секс во Лос Анџелес предизвика гнев и револт кај многу родители, токму како што предвидуваше авторот на серијата.

Оваа недела беше емитувана третата епизода од „Euphoria“ („Еуфорија“), но револт кај многумина предизвика сцената од соблекувалната од минатата епизода, во која наводно се гледаат вкупно дури 30 машки полови органи.

Телеизискиот совет на родители (Parents Television Council) упати предупредување до НВО да ја прекине серијата бидејќи се чини дека „отворено и намерно им прикажува на тинејџерите и младите графички содржини за возрасни – секс, насилство, пцовки и консумирање дрога“.

„Некои родители ѓаволски ќе спиздат поради ова“, изјави за Variety авторот на серијата, Сем Левинсон. И беше во право.

Во спорната епизода, 17-годишната Ру (лечена зависничка од дроги која ја глуми пејачката и актерка Зендаја) покажува серија од машки полови органи. Во епизодата, исто така, е прикажан и полов орган од корпулентен маж кој учествува во „веб-кам“ шоу со тинејџерка.

Иако многумина се согласни дека голотијата има своја улога, други сметаат дека серијата е провокативна само заради провокативност, и дека нема многу што да каже. На IMDB серијата засега има оценка 7,4.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …