Home Актуелно Роденденско возење и забава: Три години „критично“ вртење педали во Прилеп

Роденденско возење и забава: Три години „критично“ вртење педали во Прилеп

Секоја последна среда во месецот возиме заедно по улиците на градот во име на признавањето на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот, промовираjќи го велосипедот како урбано превозно средство и актуелизирајќи ги прашањата неопходни за непречено сообраќање со него.

Оваа година на 31.05.2017 прославуваме 3 (три) години од нашето прво заедничко возење и по тој повод ве покануваме Вас да ни се приклучите на оваа Критична маса. Да ја направиме Критична маса #36: Роденден, мала забава #НаТочак, што пошарена. Дојдете со најинтересниот точак што го имате, трицикл, моноцикл, точак за двајца, точак со приколка. Украсете ги точаците со борбени, со славенички, со какви сакате велосипедски пораки. Понесете си звучник, труба, радио, жива музика. Или поддржете нè додека поминуваме по вашата улица.

Ќе се рекреираме, релаксираме а на крајот на возењето ќе има и добра забава во Jazz club TAKE FIVE, со прекрасната музика од D-j-скиот состав “Децата со наочарите”, со неизбежната роденденска торта и уште многу други изненадувања,.

Точкарски поздрав

„Прилеп На Точак“

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…