Ријана распали проти Snapchat

После извесно време поминато во молк, Ријана реши да го прекине истиот и јавно го сподели ставот за контроверзната реклама на апликацијата Snapchat.

Станува збор за реклама во која се прикажани таа и нејзиниот поранешен дечко Крис Браун во која се прашуваат корисниците дали би го удриле него или познатата пејачка, а која алудира на настаните од 2009 година кога Браун ја претепа Ријана за што беше осуден на затворска казна од 5 години.

Со нејзината изјава, пејачката ја искритикува Snapchat платформата, а во неа вели дека тоа го прави поради жртвите на семејно насилство.

„Snapchat, знам дека веќе знаете дека не сте моја омилена апликација. Но, се обидувам да разберам која е поентата со овој хаос. Би сакала да го наречам незнаење, но знам дека не сте толку глупави. Потрошивте толку пари за да анимирате нешто кое намерно ќе предизвика срам кај жртвите на семејното насилство и направивте шега од тоа. Ова не се однесува на моите лични чувства, затоа што и немам многу од нив, туку на сите мажи, жени и деца кои биле жртви на семејното насилство во минатото, а особено на оние кои сè уште го преживуваат. Нè изневеривте. Засрамете се. Фрлете го целото ваше извинување во вода“, напиша познатата пејачка на нејзиниот Instagram профил.

Во однос на ова активистката Британи Пакнет изјави дека Snapchat ги одобрува рекламите пред тие да бидат ставени на апликацијата што е истакнато во официјалните правила за рекламирање на апликацијата.

Листата на забранети содржини вклучува содржини во кои е искажано прекуумерено насилство, содржини со кои се понижува, деградира или покажува омраза кон одредена раса, пол, култура, земја или верување.

Поставената реклама ги исполнува сите наведени услови за да биде декларирана како забранета содржина и не биде поставена. По скандалот, рекламата беше тргната од апликацијата, од која официјално се извинија за грешката која им се провлекла низ раце.