Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Чикаго Булс продолжуваат со борбата за плеј-оф на Истокот така што на гостински терен, во доста важен дуел, го совладаа еден од главните конкуренти, Милвоки Бакс со 109:94. „Биковите“ уште еднаш докажаа дека во последно време играат по системот топло-ладно. Синоќа изгледа на ред беше „топлото“. А Булс беа загреани да ја замолкнат публиката во Милвоки.
Пред сите доминираше Никола Митровиќ со 28 поени и осум скока, а тука беше и Џими Батлер со 20 поени и 14 украдени топки. Во тимот на Милвоки традиционално најдобар беше Гркот Јанис Адетокнубо со 22 поени и осум скока.
Битката на двајцата брадести титани, пак, Џејмс Харден и Стивен Адамс, му припдна на волшебникот од екипата на Тексас, но, натпреварот сепак го одбележа Расел Вестбрук. Хјустон Рокетс, како домаќини во вистинска револверашка пресметка, ги победија Оклахома Сити со 137:125. Тоа на некој начин беше генерална проба пред плеј-офот, бидејќи токму овие две екипи би можеле да се сретнат во првата рунда од доигрувањето на западот.
Вестбрук, пак, впиша уште еден, 36-ти по редво кариерата трипл-дабл и сега му недостасуваат уште 5 за да го стигне рекордот на легендата Оскар Робертсон. За Оклахома синоќа впиша 39поени, 13 асистенции и 11 скока. Сепак, тоа не беше доволно да се избегне поразот во Тексас, бидејќи Лу Вилијамс постигна 31 поен, Харден додаде 22 поени и 12 асистенции, а распалија и Ерик Гордон и Тревор Ариз со по 24 поени. Покрај Вестбрук, во Оклахома добар беше и Енес Кантер со 23 поени, додека Адамс остана на 11.
Сакраменто Кингс направија големо изненадување победувајќи ги на гости едни од подобрите кошаркари на Западот, Лос Анџелес Клиперс, со 97:98. Три секунди пред крајот во водство Кингс ги доведе Вили Коли-Стејн, а во последниот напад шут за победа промаши Крис Пол. Најдобар поединец кај Сакраменто беше Дарен Колисон со 19 поени, а Деандре Џордан за Клиперс постигна 20, со 11 украдени топки.
Најлошиот тим во НБА лигата, Бруклин Нетс, на гости ги изненадија Атланта Хокс си славеа со 107:92. Тоа за Нетс беше само 16 победа оваа сезона, а Хокс би можеле дебело да зажалат за овој пораз, бидејќи се борат за што подобра позиција на Истокот и пласман во плеј-оф фазата. Брук Лопез со 23 поени ги предводеше Нетс, а Џереми Лин додаде уште 19 поени и 8 асистенции, додека Ронд Холис Џеферсон заврши со дабл-дабл од 11 поени и 13 скока.
Кошаркарите на Шарлот Хорнетс дома ги победија „Сонцата“ од Феникс со 120:106, а брилијантен на овој дуел беше Кемба Вокер. Организаторот на играта на Шарлот постигна 31 поени и подели 9 асистенции, докажувајќи дека „Стршените“ во завршницата од сезоната играат одлична партија кошарка. Покрај тоа, тие ги задржаа шансите за пласман во плеј-оф доигрувањето, односно освојување на осмото место во Источната конференција.