Рекордна застапеност на жените во Долниот дом: Макрон и партијата убедливи на изборите во Франција


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Републиката напред (РЕМ) по вчерашниот втор круг на парламентраните избори во Франција освои 308 пратенички места, со што заедно со 42 пратеници на нејзиниот коалициски партнер, Демократското движење (МоДем), т.н. претседателско мнозинство обезбеди апсолутно мнозинство во Националното собрание.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, новото претседателско мнозинство освои 60,6 отсто од местата на Националното собрание кое брои 577 пратеници, што сепак е помалку од предвидувањета на агенциите за испитување на јавното мислење.

Победата на центристичката партија на претседателот Макорн, по малку падна во сенка од слабиот одѕив на изборите, кој изнесуваше само 42,65 отсто.

Најмоќна опозизициска сила во идниот француски Парламент ќе биде блокот предводен од конзервативната партијата Репубиканците (ЛР) со освоени 130 пратеници, од кои 17 се од редовите на помалиот коалициски партнер демохриситијанската Унија на демократите и независните (УДИ).

Блокот на Социјалистичката партија (ПС) и Левата радикална партија (ПРГ), кои досега имаа 280 пратенички места и беа најбројна политичка група, во новиот состав на Националното собрание ќе има 33 пратенички места, од кои 30 за социјалистите и само три за радикалите, што претставува историски пораз на умераната левица.

Левичарската партија Бунтовна Франција освои 17 партеници, а Француската комунистичка партија (ПЦФ) 10.

Екстермно десничарскиот Национален фронт (ФН) освои осум пратенички места, меѓу кои и партискиот лидер Марин Ле Пен, која најверојатно ќе се откаже од мандатот во Европскиот парламент.

Другите партии освои вкупно осум пратенички места.

Во новиот состав на Парламентот, 38,65 отсто од пратениците се жени, што претставува рекорд на застапеноста на жените во Долниот дом.

Шесте министри од Владата на Емануел Макрон кои беа кандидати за пратеници беа избрани за членови во Парламентот, меѓу кои и премиерот Едуар Филип.

Првиот секретар на Социјалистичката партија, Жан Кристоф Камбаделис кој доживеа пораз во неговата изборна единица во Париз, поднесе оставка од функцијата, а пратенички мандат освои и поранешниот премиер Мануел Валс.