Референдум и за валандовското злато: Спас за Валандово поднесе барање до општината


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иницијативата Спас за Валандово вчера поднела писмено барање до градоначалникот и претседавачот на Советот на општината да распишат референдум, на кој жителите од овој град ќе кажат дали се за или против отворање рудник за бакар, злато и сребро во областа Казнадол. Членовите на оваа иницијатива велат дека и покрај тоа што постапката за давање концесија за експлоатација на минералните суровини од Казандол е завршена и дозвола е веќе дадена на инвеститор, тие сметаа дека има простор да се чуе ставот на граѓаните и да се променат работите.

Кога се даде концесијата немаше широка јавна дебата и јавна расправа, туку јавната дебата ја направија пред мал број луѓе. Концесијата е дадена во период на политичка криза, кога имаше многу превирања и кога беше целата работа звршена тогаш соопштија. Вчера членовите на нашата иницијатива одеа од врата на врата и со сите 15 советници од Советот на Општина Валандово разговаравме и сите рекоа дека ја поддржуваат нашата иницијатива за распишување референдум. Денес во архивата на Општината поднесовме барања до градоначалникот и до претседавачот на Советот под итно да се закаже седница на Советот на која единствена точка на дневен ред ќе биде распишување референдум, вели Роберт Марков.

Тој смета дека треба да се слушне гласот на народот и централната власт потоа ако има слух да ја запре изградбата на рудникот, која во процесот на производство на бакарна руда ќе користи и сулфурна киселина.

Стравуваме дека рудникот ќе влијае негативно и врз здравјето на лужето и врз земјоделските производи, иако инвестоииторот Сардич уверува дека ќе ги применат најмодерните еколошки стандарди за заштита. Во самата студија за оценка на влијанието врз животната средина стои дека во кругот на рудникот ќе има езера со вода во која е разредена сулфурната киселина, а таа ќе испшарува во воздухот. Сетоа тоа ќе се слушува на еден километар од градот, вели Марков.