Home Актуелно Реџепи од Алтернатива излегува од владејачкото мнозинство и станува независен пратеник

Реџепи од Алтернатива излегува од владејачкото мнозинство и станува независен пратеник

Собранискиот претставник од Алтернатива, дел од владејачкото мнозинство, Скендер Реџепи станува независен пратеник.

Реџепи до претседателот на Собранието Талат Џафери доставил известување во кое се вели дека тој од сега натаму ќе дејствува како независен пратеник.

Пред само еден месец Реџепи во телевизиско гостување рече дека воопшто не е задоволен од сработеното на нивните министри и воопшто неговата партија Алтернатива во првите 100 дена од новата влада.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…