Home Спорт Реал и украде уште еден играч на Барса – плати 45 милиони за Бразилец!

Реал и украде уште еден играч на Барса – плати 45 милиони за Бразилец!

Реал не сакаше да му се повтори „случајот Нејмар“ и искешира неверојатни 45 милиони евра за 16-годишниот бразилски фудбалер Винисиус Јуниор.

Иако сеуште нема официјална потврда, шпанските медиуми пренесуваат дека само ден после освојувањето на националната титула со Фламенго, на Винисиус Јуниор му биле извршени лекарски прегледи за Реал Мадрид.

„Кралевите“ брзаа да го реализираат овој трансфер и платија дури 15 милиони евра повеќе од откупната клаузула за да не им се повтори „случајот Нејамр“ бидејќи и Барселона беше силно заинтересирана за овој фудбалер.

Винисиус нема да му се приклучи на „кралскиот“ клуб пред јуни 2018 година, односно кога ќе стане полнолетен, а инетресно е дека ова 16-годишно момче стана вториот најплатен Бразилецот после Нејмар.

Ова е втор удар за само 48 часа кој Реал Мадрид и го задава на Барселона, бидејќи ден претходно го договори трансферот на Тео Хернандез кој беше голема желба на Каталонците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…