Home Актуелно Талат и официјално претседател на Собрание, Службен весник ја објави одлуката

Талат и официјално претседател на Собрание, Службен весник ја објави одлуката

Одлуката за изборот на Талат Џафери за претседателет на Собранието денеска треба да излезе во Службен весник.

Според дел од медиумите таа е отпечатена синоќа во печатницита Графички центар во најновиот број на Службен весник што излегува денеска.

Со тоа се разрешува дилемата за законитоста на изброот на Џафери за спикер на Парламентот на 27 април, кога се случија крвавите  настани во Собранието.

Исто така со тоа почнуваат да течат десетте дена рок во кој претседателот на државата треба да го додели мандатот за формиурање Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој му достави потписи до 67 пратенци како доказ за формирано парламентарно мнозиство.

Џафери во меѓувреме испрати писмо со кое го информира Иванов за парламентарното мнозиство, а од Кабиентот на Иванов потврдија дека писмото го примиле.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…