Реал му даде „корпа“ на Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе нема да се пресели во нуту еден од двата мадридски гиганти, Реал и Атлетико и покрај информациите дека сака да го напушти Париз.

Синоќа водителот на популарната емисија „Ел Чирингито“, соопшти дека Мбапе не е во плановите на Реал Мадрид. Истиот новинар Педрерол во текот на летото тврдеше дека Мбапе е блиску до трансфер во Реал.

Мбапе во последен момент ја промени одлуката и стави потпис на нов договор со ПСЖ, но само неколку месеци подоцна сака да го напушти клубот.

Реал е навреден од таквиот однос на младиот Французин и тој повеќе не влегува во плановите на „кралскиот“ клуб за во иднина.