Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неодамна Реал Мадрид го доведе 19-годишниот Брахим Дијаз од Манчестер Сити, а сега сака уште една ѕвезда на „граѓаните“.

Станува збор за Бернардо Силва, кој наводно ќе биде примарна трансфер цел на „кралевите“ во летниот преоден рок.

Иако не е секогаш во стартниот тим, Португалецот е важна фигура во составот на Гвардиола. Од почетокот на сезоната Бернардо Силва одигра 22 меча на кои постигна 5 гола и запиша 6 асистенции.

https://twitter.com/ACplus495/status/1086996689335054336

Португалецот има долгорочен договор со Манчестер Сити, па неговиот трансфер на „Сантиаго Бернабеу“ изгледа малку веројатен.

Меѓутоа, Реал не се откажува од намерата и наводно е спремен да понуди 70 милиони фунти за потписот на Силва.

https://youtu.be/3VaiP0kx6lE