Home Спорт Реал Мадрид со официјално соопштение за Мбапе!

Реал Мадрид со официјално соопштение за Мбапе!

Актуелниот европски шампион, Реал Мадрид веднаш ги демантираше шпекулациите за евентуалениот трансфер на Килијан Мбапе.

Денес француските медиуми лансираа „бомба“ и пренесоа дека „кралевите“ постигнале договор со ПСЖ за трансфер на Килијан Мбапе (види ОВДЕ).

Според француските медиуми трансферот ќе изнесува 272 милиони евра, со што ќе биде срушен актуелниот светки рекорд на Нејмар од 222 милиони евра.

Меѓутоа Реал Мадрид веднаш реагираше и преку официјално соопштение ги демантираше шпекуалциите.

„После публикуваните информации во последните часови за постигнат договор помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ за трансфер на Килијан Мбапе, клубот соопштува дека информациите се комплетно неточни. Реал Мадрид не испратил никаква понуда до ПСЖ и жали за ширењето на вакви неточни информации“, стои во соопштението на „кралскиот“ клуб.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…