Home Спорт Реал Мадрид ќе ја спасува сезоната со полската „машина за голови“

Реал Мадрид ќе ја спасува сезоната со полската „машина за голови“

Реал Мадрид игра под сите очекувања оваа сезона, а еден од главните проблеми во „кралскиот“ тим е реализацијата.

Бензема и оваа сезона игра „бледо“, а Маријано Дијаз не се покажа како адекватна алтернатива за Французинот.

Поради тоа Реал сака веднаш да интервенира и да донесе врвен напаѓач во јануари. Мауро Икарди е прв избор, но тој трансфер е тежок за реализација, па „кралевите“ се свртеа кон најголемото откритие во Серија А, Криштоф Пијатек.

Пјатек е втор стрелец во италијанскиот шампионат со 13 голови, еден помалку од Кристиано Роналдо, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Џенова за неговата слобода бара 60 милиони евра, сума која наводно Реал Мадрид е спремен да ја плати.

https://youtu.be/VIjvV8EZjbE

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…