Home Спорт Реал „краде“ фудбалер на Барселона!?

Реал „краде“ фудбалер на Барселона!?

Се чини дека дваја најголеми шпански клува, Реал и Барселона постојано се во „фудбалска војна“ и прават работи еден против друг.

Реал Мадрид е во потрага по млад лев бек кој ќе може да биде алтернатива за Марсело, а на кого во иднина клубот ќе може сериозно да смета.

Играчот кој ги исполнува сите овие критериуми „кралевите“ го најдоа ни помалку, ни повеќе туку кај најголемиот ривал, Барселона.

Старнува збор за младиот репрезентативец на Шпанија, Марк Кукурели.

Овај 19-годишен фудбалер одби да го продолжи договорот со Барселона, па така на лето ќе биде слободен играч и ќе може да потпише за било кој клуб.

Колку е квалитетен зборува и фактот што за него покрај Реал интерес покажуваат уште и Манчестер Сити, Челзи и Арсенал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…