Реал договори големо засилување од Премиер лигата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите тврдат дека голманот на Челзи, Тибо Куртоа е одлучен во намерата да се врати во Мадрид, а „Кадена Коп“ пренесува дека веќе се договорил со „кралскиот“ клуб.

Овој медиум кој е секогаш добро информиран тврди дека Куртоа веќе им соопштил на соиграчите дека ќе оди во Реал Мадрид и наводно веќе бара вила во Мадрид и школо за неговата ќерка.

Неговата сопруга и ќерка и понатаму живеат во Мадрид и Куртоа редовно оди на напорни патувања од Лондон во шпанската престолнина кога има слободно време.

Челзи сигурно нема лесно да се откаже од својот голман, но поради инсистирањето на Куртоа ќе мора да бара негова замена, а медиумите тврдат дека Конте го сака Џанлуиџи Донарума или Јан Облак.