Home Актуелно Реакција на отец Пимен до бугарскиот професор Павлов за канонизацијата на Кирил Лешочки

Реакција на отец Пимен до бугарскиот професор Павлов за канонизацијата на Кирил Лешочки

„Кога се канонизира некој човек за светител на црквата божја, тој се прогласува за жител на небесата, а не на некоја земја земна. И тоа го знае секој човек кој барем грам вера има повеќе отколку национално слепило,“ вели во реакцијата владиката Пимен по вчерашните напади од Бугарија и за чинот на канонизацијата за светител на Кирил Пејчиновиќ.

„А сепак ете за жал, некој професор од Бугарија реагира на тоа дека канонизација било крадење историја и со тоа покажува дека е далеку од верата, а блиску до национализмот. И дека за него нема ништо свето, во случајов дури ни лешочкиот светител.

А свети Кирил Лешочки е нашиот нов светија и на целата Црква православна.
Затоа, поклонувајќи се пред неговите свети мошти, да повикаме: Свети Кириле Лешочки, прости ни што радоста на небесата ти ја расипуваме со нашите земни и тесногради размислувања и препукувања. И моли се за сите нас, па какви и да сме, та да бидеме подобри“, објави на својот фејсбук-профил владиката Пимен.

Бугарскиот професор Пламен Павлов од униерзитетот во Велико Трново смета дека чинот на канонизација за светител на Кирил Лешочки од страна на Македонската православна црка е богохулење, крадење на историјата, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Македонија и невидена злоупотреба на историјата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…