Home Актуелно ВМРО-Народна апелира МАНУ да ги објави оригиналните дела од Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ

ВМРО-Народна апелира МАНУ да ги објави оригиналните дела од Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ

ВМРО-Народна партија го поздравува канонизирањето на македонскиот и словенски просветител Кирил Пејчиновиќ (Св. Кирил Лешочки) исто како и пред извесно време канонизирањето на просветителот Јоаким Крчовски (Св. Праведен Јоаким Крчовски Учител и Просветител).

Во таа насока за да се запознаеме подобро со нивните дела ВМРО-Народна партија ја повикува МАНУ во фототипски изданија да ги објави оригиналите на делата и на Јоаким Крчовски и на Кирил Пејчиновиќ.

Во исто време потенцираме дека е срам за македонската држава што дури по 78 години од постоењето зборуваме за овие двајца големи просветители, а нивните дела да не ни се достапни.

Сметаме дека канонизирањето на просветителите е добар повод за еден ваков чин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…