Реакција на Милошоски: Нотарската служба ќе стои во мирување, ќе бидам пратеник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Антонио Милошоски реагираше на пресот на Петре Шилегов кој ја пренесе информацијата дека носителот на листата во
ИЕ 6 на ВМРО-ДПМНЕ, според документ издаден завчера, ќе работи како нотар.

„Петре Шилегов, немај гајле…, ние како ВМРО-ДПМНЕ сите сме заедно, со партијата, со народот, со Претседателот. Како резултат на таа сплотеност ве победивме по 10-ти пат на избори, а народот Ви покажа што мисли за Вашите деструктивни сценарија и политички кризи. СДСМ ги изгуби изборите, Шилегов исто така! Поразениот има право да се лути, и цивилизирана обврска да честита! И кратко за мене и за тебе. Не мешај професија (адвокат, лекар, нотар, професор) со политички мандат. Иако имам решение за нотар (во мирување), сепак со голем ентузијазам ќе учествувам во работата на Собранието на Република Македонија, каде очекувам ти, Заев и Шеќеринска да бидете дел од конструктивната опозиција! Vox populi, vox Dei! Да живее Република Македонија“, напиша Милошоски на Фејсбук