Разочарувачки бројки: 70 насто од амбалажата завршува на депониите, се рециклираат само 30 насто


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лименки, пластични шишиња, картонска и тетрапак амбалажа. Во Македонија на годишно ниво се создаваат најмалку 100.000 тони отпад од амбалажа.

Само 30 отсто од него се рециклира, додека 70 проценти завршува онаму каде што не му е местото, на депониите. Еден од условите кои земјава треба да ги исполни за членство во Европската Унија е до 2020 година 60 отсто од отпадот од пакување да се селектира и рециклира. Но, за да се постигне оваа цел неопходно е државата да почне да води повеќе грижа за овој проблем.

„Потребна е инвестиција во инфраструктура, потребна е инвестиција во контејнери и едукација на јавноста во однос на отпадот од пакување односно кој отпад во кој контејнер се фрла”, изјави Ико Брдароски, Асоцијација на секундарни суровини и рециклатори

Од Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори велат дека освен Дрисла, ниту една друга депонија во државата нема соодветни услови за третирање на отпадот од амбалажа. Посочуваат дека е неопходно професионализирање на јавните комунални претпијатија и подигнување на свеста на граѓаните за селектирање на отпадот.

„Во 2005 година килограм пластични шишиња беше пет денари, сега се килограм пластични шишиња 17 денари. Граѓаните препознаваат и ако видите дека има економска вредност, тоа собирање ним им носи дополнителни приходи во оваа ситуација. Исто и со хартијата и со другото и од тој аспект ние гледаме да исфорсираме за да ја дигнеме свеста“, вели Љупчо Аврамовски, Асоцијација на секундарни суровини и рециклатори

Во европските земји за справување со овој вид отпад државата годишно инвестира по 4 евра по жител, во земјите во регионот оваа сума е две евра, додека во Македонија се издвојува само по половина евро по глава на жител.