Разговорите за ТАБУ темите со партнерот – клуч за успешна врска


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Постојат два вида на луѓе. Оние на кои ништо не им е табу, и оние на кои бројни теми им се табу.

Секако нема веднаш на почетокот на врската да пристапиме со отворени врати, но разговорот за тоа би требало да биде нормален и без осудувања.

Постојат два вида на луѓе – оние ки можат да зборуваат за мокрача, секс, испуштање гасови и слични нормални работи кои се уште се табу и оние кои се срамат и оние кои имаат грижа за тоа дали некој ќе ги погледне под око поради нивниот лежерен пристап на таквите работи.

Таквите мажи и жени немаат проблеми со темите и во врска со нешто што често се случува на почетокот на некој однос и го пробиваат ледот зборувајќи за тоа дека имаат одреден проблем.

Таквите разговори всушност се и забавни

И тоа е сосема океј, бидејќи паровите кои без никаков срам и глума разговараат за сите табу теми во принцип се посреќни од оние кои глумат пред другата личност. Секако нема веднаш на почетокот на врската да одиме во тоалет со отворена врата, но разоговорот за тоа би требало да биде нормален и без осудување, подсмевање и глума.

Разговорите за навиките зад затворената врата на купатилото можат да бидат забавни, а кога успешно ќе го пробиете ледот, ќе сфатите дека нема од што да се срамите. Ако партнерот се всели кај вас или вие кај него, секако мора да знаете како дише, но и како смрди. Сигурно знаете на што мислиме…

Ова никако не значи дека треба се да раскажете во детали, но ако ве мачи стомакот, имате пролив, и ве мачат цревата, кажете му го тоа без срам. Ќе види на вашето лице како се мачите и подобро да ја знае вистината отколку да мисли дека тој е виновен за вашето расположение.

Избегнувањето на чувствителните теми можат да ја уништат врската

Во секоја врска има и непријатни и чудни моменти, но ако секогаш го избегнувате разговорот за овие теми или не ги довршите речениците бидејќи не можете да кажете дека морате да одите до ве-це, тоа може по некое време да ја уништи врската.

Можеби мислите дека кршењето на ваквите ѕидови ќе го уништи неговиот впечаток за вас или вашиот за него, но тоа всушност е нова фаза на интимноста и поврзаноста. Не веруваме дека баш до крајот на животот сакате да чекате да нема никој дома за да отидете во тоалет.