Home Спорт Раул Гонзалез замина: Македонија остана без „Ел Команданте“

Раул Гонзалез замина: Македонија остана без „Ел Команданте“

Раул Гонсалес од денеска веќе не е селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, потврдија од Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Шпанскиот стратег спогодбено ја раскинал соработката со Ракометната федерација на Македонија, една недела по завршувањето на Светското првенство, каде што македонската селекција го освои скромното 15-то место.

„Ракометната федерација на Македонија и Раул Гонсалес заемно се спогодија да ја прекинат соработката. Поради потребата од селектор кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и поради оддалеченоста и професионалните клупски обврски на Гонсалес, двете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката“, соопшти РФМ.

Раул беше на кормилото на репрезентацијата од 2017 година и ја водеше Македонија и на Европското пренство во Хрватска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…