Home Актуелно „Рангелова ја контролираше толпата“ – сведоштво во случајот „Насилство во Центар“

„Рангелова ја контролираше толпата“ – сведоштво во случајот „Насилство во Центар“

Продолжи сослушувањето на сведоци во рамки на случајот кој го води СЈО за насилството во Општина Центар, познат како „Шамари во Центар“.

Советник на СДСМ во судница раскажа како демонстрантите насилно влегле во просторијата во која се одржувала седницата на Советот на Општина Центар. Толпата, според сведокот, фрлала јајца, шишиња, овошје и зеленчук, а пратеничката Даниела Рангелова преку својот мобилен телефон ја контролирала толпата.

Сведокот пред судот дополни дека случувањата ги гледала полицијата, која според него немо набљудувала што се случува и не преземала ништо.

Тврдењата на сведокот во судница ги негираше пратеничката Рангелова. Судењето продолжува со сослушување сведоци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…