Home Спорт Рамос: Игуаин го познавам добро, но најголемата опасност доаѓа од…

Рамос: Игуаин го познавам добро, но најголемата опасност доаѓа од…

Пред утрешното финале во Лигата на шампиони капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос истакна дека играта на Јувентус е слична како на Атлетико Мадрид и посочи од каде доаѓа најголемата опасност.

„Против Јувентус ќе биде многу тешко, тие се слични на Атлетико. Имаат одличен тим и мораме да бидеме внимателни“, изјави Рамос.

Рамос се осврна и на своите бивши соиграчи од Реал кои сега го носат дресот на Јувентус, Гонзало Игуаин и Сами Кедира.

„Игуаин го познавам добро и останавме во контакт. Тој е во добра форма и имаше одлична сезона, но ќе се потрудам да не биде така во финалето. Што се однесува до Кедира, многумина мислеа дека е готовм, а сега е еден од клучните игачи на Јувентус“.

„Сепак, јас мислам дека најголемата опасност доаѓа од Дибала. Многу е брз, добро се движи меѓу линиите и постигнува многу голови“, заклучи Рамос.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…