Рама скрои Влада со 12 министерки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Три четвртини од новата албанска влада на чело со старо-новиот премиер Еди Рама ќе ја сочинуваат жени. Ова го соопшти мандатарот и актуелен премиер Рама на вчерашната седница на Националното собрание на партијата.

Нема некои поголеми изненадувања околу имињата на членовите на новата влада, но она што посебно паѓа во очи е застапеноста на министерките. Од 16 министерски места, во дури 12 ќе седнат жени.

Ова е трета по ред Влада раководена од Рама, откако неговата партија победи на изборете на 25 април годинава.

Според најавите, за неа ќе се гласа на 10 септември, кога е закажана конститутивната седница на новиот законодавен дом.