Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кодексот на пристојно облекување во летните месеци умее да биде напорно и нервозно.
Еден средношколец од Црна Гора го изнервира тоа што не му е дозволено да дојде на училиште во шорцеви или барем некои пократки панталони, до таа мера што се одлучи за „радикален“ потег.
Имено, момчето, имајќи предвид дека на девојките здолништата не им се забранети, облече токму здолниште, прошета низ училиштето и стана вистински хит на социјалните мрежи, и тоа не само во Црна Гора, туку и во регионот.