Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија.

„Тоа е едноставно глупаво. А оние кои мислат поинаку, за жал, не ги научиле лекциите од историјата“, додаде Путин на фестивалот Таврида на Крим.

Путин истакна дека оваа година „во тимот на фестивалот има и луѓе од ослободените територии – од Доњецката и Луганската народна република“.

„Денес сте заедно, подготвени да ги здружите напорите за постигнување заеднички цели, а тоа значи дека знаете дека треба да бидете заедно за да бидете силни. Целата богата илјадагодишна историја на Русија нè учи на тоа“ – рече тој.

„Знаеме дека сите тешкотии и искушенија се време на нови можности и често зборуваме за тоа. Време е да бидеме храбри, тоа е вистината, а вие сте токму такви“, истакна Путин.