Home Шоубизнис Путин стана татко на близнаци?

Путин стана татко на близнаци?

Бившата руска гимнастичарка и олимпијка Алина Кабаева, која светот повеќе ја запозна како наводна долгогодишна љубовница на најмоќниот човек во Русија, претседателот Владимир Путин, на почетокот од тековниов месец родила близнаци во една руска приватна болница, пренесоа руските и светските медиуми.

Нормално, бидејќи приватниот живот на Путин се држи во најстрога тајност и далеку, далеку од очите на медиумите и јавноста, оваа вест не ја потврди ниту поранешната олимпијка Кабаева, ниту официјален Кремљ од каде не го коментираат личниот живот на претседателот. Според изворите на кои се повикуваат руските и светските медиуми,

36-годишната Кабаева,, на почетокот на месецов родила две машки бебиња. Породувањето било извршенио во луксузна приватна клиника во Москва , каде тој ден бил испразнет цедлиот четврти кат на клиниката.

Московскиот весник ,,Московскиј Космолетс” ја објави веста за раѓањето на близнаците, но набргу веста била тргната од нивниот сајт. Истражувачкиот новинар Сергеј Канев се повикува на болнички извори и тврди дека Кабаева ги родила бебињата со царски рез, а на клиниката тој ден имало голем број агенти на безбедносните служби.

,,Половина од медицинскиот персонал бил исфрлен од родилната сала” , му изјавил неименуван извор на Канев. При породувањето бил и познат италијански доктор, кој заедно со директорот на клиниката, академик Генадиј Сукик, ја породил Кабаева.

Руските медиуми не ја објавија оваа вес, освен еден портал во сопственост на Александар Карманов. Поранешната гимнастичарка , која е блиска до разведениот Путин повеќе од десет години, не се појавувала во јавност од октомври минатата година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …