Путин со контра-мерки кон Западот: Потпиша указ за забрана на извоз на одредени стоки и суровини


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ со кој се забранува избор на одредени стоки и суровини, како економски контра-мерки на санкциите кои ги воведе Западот кон Русија.

Официјалната цел на декретот на Путин е „обезбедување на безбедноста на Руската Федерација и непречено функционирање на индустријата“.

Кои стоки и суровини ќе бидат забранети, засега е непознато, бидејќи владата има задача за 48 часа да состави список на стоките и земјите каде ќе биде забранет нивен извоз.

Забраната ќе важи до крајот на 2022 година.

Новите мерки, според очекувањата, ќе ги нарушат пазарите, особено тие што се засегнати извозот на гориво. Русија исто така важи и за голем снабдувач и на житарки и метали.

Ова доаѓа откако американскиот претседател, Џо Бајден, објави дека САД забрануваат увоз на руски гас, нафта и јаглен, а Велика Британија најави дека постепено ќе ја укинува зависноста од руската нафта.

За разлика од САД и Велика Британија, ЕУ засега не планира да забрани увоз на енергија од Русија. Тоа во изјава за Ал Џезеира го посочи и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. Тој додаде и дека ЕУ „постојано“ бара алтернативни извори на гас бидејќи е убедена дека има партнер (Русија) на кој не може да смета.

Претходно, таква опција во овој момент отфрли и шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, која рече дека ако Германија верувала дека забраната за увоз ќе стави крај на војната, ќе го направи тоа. Но, рече таа, не верува во тоа. Дополнително, таа порача дека Германија е зависна од руската нафта и ако веднаш забрани увоз, утре Германците нема да може да се движат.