Home Актуелно Русија утрово го прекина огнот во Украина за да ги олесни хуманитарните коридори

Русија утрово го прекина огнот во Украина за да ги олесни хуманитарните коридори

Руската армија од 7 часот утрово (10 по московско време) престана да пука за да ги олесни хуманитарните коридори, објави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на висок руски функционер.

Наводно, коридорите ќе бидат од Киев, Харков и други градови.

Да потсетиме, на тринаесеттиот ден од војната во Украина, руските војници ја спречуваа евакуацијата од градовите на истокот, тврди украинската страна, додека Москва тврди дека тоа не е точно и дека се подготвени да отворат коридори за евакуација на цивили.

Исто така, од Киев беше соопштено дека во близина на Харков е убиен генералот Виталиј Герасимов, еден од најблиските луѓе на Владимир Путин. Москва сè уште не го потврди тоа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…