Home Актуелно Путин испрати сочувство до кралот Чарлс Трети за смртта на кралицата Елизабета: Ненадоместлива загуба

Путин испрати сочувство до кралот Чарлс Трети за смртта на кралицата Елизабета: Ненадоместлива загуба

Претседателот на Русија, Владимир Путин, синоќа упати порака со сочувство до Велика Британија за смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина на 96-годишна возраст, објавија руските новински агенции.

Во пораката до Чарлс Трети, новиот британски крал, Путин порачал дека кралицата со право ја ужива љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитетот на светската сцена, пренесе Ројтерс.

„Ви посакувам храброст и сила пред оваа тешка, ненадоместлива загуба. Може ли да ве замолам да им го пренесете моето искрено сочувство и поддршка на членовите на кралското семејство и на целиот народ на Велика Британија“, истакнал рускиот претседател.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…