Home Вебкафе Путин има ново моќно оружје: Рускиот „Самрак“ гаѓа мета над 4 километри далечина

Путин има ново моќно оружје: Рускиот „Самрак“ гаѓа мета над 4 километри далечина

Снајперската пушка која ја произведува компанијата Lobaev Arms постави апсолутен рекорд во далечинска прецизност кога станува збор за мета со големина на човек.

Имено, на руските снајперисти им појде од рака да погодат мета со оваа пушка на оддалеченост од неверојатни 4.210 метри. Веста пред неколку дена беше објавена на официјалниот Вконтакте профил од споменатата компанија.

Група снајперисти, која имаше задача да реализира погодок во мета на екстремна оддалеченост, а која ја предводеше Андреј Рјабински, од Lobaev Arms доби специјално изработена пушка за таа намена.

Досегашниот апсолутен рекорд во оваа категорија го држеа Американците, кои успеаја да погодат мета на оддалеченост од 4.150 метри. Новиот рекорд Русите го срушија за околу 50 метри, што е одличен резултат.

Инаку, снајперската пушка специјално изработена од Lobaev Arms со која е срушен рекордот се вика SVLK-14 „Самрак“, а проектирана е да оствари 100% погодок на оддалеченост повеќе од 2.500 метри. Оваа пушка се произведува во неколку калибри (.408 Cheуtac .ЗЗ8LM .З00WM). За овој рекордерски погодок, конкретно, употребен е оригинален куршум .40 Lobaev Improved со тежина од 27 грама.

Самата пушка тежи околу 10 килограми, а почетната брзина на зрното на устата од цевката не е под 900 метри во секунда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…