Путин им „дозволи“ на Русинките да имаат сексуални односи со навивачи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателката на одборот за семејство во руската Дума, Тамара Плетнева, предизвика бура од реакции во Русија кога за едно московско радио им порача на Русинките за време на Светското фудбалско првенство да не стапуваат во сексуални односи со странци. На тој нејзин апел реагираше и официјален Кремљ.

Тамара Плетнева апелираше дека со сексуалните односи со странци Русинките можат да предизвикаат многу проблеми, како тоа да се раѓаат деца во семејства со еден родител или да се случи децата да ги одведат татковците.

„Дури и ако се случат бракови во таквите ситуации, девојките  не умеат да се извлечат од нив. Потоа доаѓаат во мојата комисија, плачат дека им е одземено детето и така натаму“, објасни Плетнова и потсети на тоа што се случувало после олимписките игри во Москва во 1980 година. „Имаше пораст на бројот на самохрани мајки и тоа драстично“, истакна таа.

„Тие деца подоцна страдаа и патеа. А уште ако станува збор за татко од друга раса. Треба да раѓаме наши деца. Не сум националистка, ама сепак…Знам дека и децата страдаат, а потоа татковците ги напуштаат и тоа е сè. Остануваат овде со мајките“, изјави Плетнева за радиостаницата.

Сепак, испадна дека тој нејзин став изреволтира и разлути многу руски граѓани, па за тоа беше прашан и самиот претседател на Русија, Владимир Путин.

„Русинките за тоа можат да одлучуваат сами. Тие се најдобрите жени на светот“, гласеше одговорот на Путин кој го соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.