Home Актуелно Путин го посети Арктикот за да го потврди руското присуство

Путин го посети Арктикот за да го потврди руското присуство

Рускиот претседател Владимир Путин посети еден архипелаг на Арктикот, истакнувајќи ја потребата да се заштитат руските економски и безбедносни интереси во регионот на Северниот пол.

Неговата посета на Арктикот е дел од напорите на Русија да го потврди своето присуство во тој регион богат со нафта, наведе агенцијата AP.

Путин го посети архипелагот на кој руската војска неодамна изгради писта и работи на отворање на постојана база.

Кремљ наведе дека потврдувањето на присуството на Русија на Арктикот е меѓу главните приоритети во екот на засилените тензии заради ривалството во тој регион, за кој се верува дека содржи и до една четвртина од вкупните сè уште неоткриени светски резерви на нафта и гас.

Природните извори, кои се најважни за економијата на Русија, се концентрирани во овој регион, оцени Путин, пренесуваат руските агенции.

Рускиот претседател уште наведе дека вредноста на суровините на Арктикот се проценуваат на 30 илјади милијарди американски долари.

Русија, САД, Канада, данска и Норвешка се обидуваат да стекнат надлежност над делови на Арктикот, додека намалувањето на поларниот мраз ги отвора можностите за подморска експлоатација

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…