Home Шоубизнис Путин го избегнува Пивариќ или обратно – кој кого „не сака да го гледа“?

Путин го избегнува Пивариќ или обратно – кој кого „не сака да го гледа“?

Медалите на финалистите од Светското фудбалско првенство им ги доделуваа Џани Инфантињо од ФИФА, заедно со Владимир Путин Емануел Макрон и Колинда Грабар Китаровиќ.

При чинот на врачување на медалите, секој од играчите посебно се ракуваше  со сите споменати (и се гушкаше со Колинда), но еден од хрватските репрезентативци избегна ракување со „челичниот“ Путин.

Јосип Пивариќ медалот го доби веднаш после Манџукиќ, а баш во тој момент стигна до Путин кој земаше медал за следниот играч, па Пивариќ само помина пред рускиот политички лидер без да се ракува со него.

На снимката се гледа како Пивариќ дури и се сврти да види каде е Путин, но до ракување, сепак, не дојде. Неговиот потег веднаш беше забележан од „дежурните“ очи на социјалните мрежи.

„Пивариќ штотуку го прескокна Путин во церемонијата на доделување медали“, веднаш распалија твитерџиите.

Пивариќ моментално игра во Динамо Киев, па некои веднаш почнаа да нагаѓаат дека тој намерно го избегнал Путин. Но, докази за тоа нема. Има и такви кои нагаѓаат дека ситуацијата била обратна – Путин го избегнал хрватскиот фудбалер, токму поради клубот во кој моментално игра.

Сепак, најверојатно вистината е дека Пивариќ едноставно не знаеше што да направи кога Путин случајно се сврте на страна за да земи медал, па поради тој банален момент на разидување не дојде до „фамозното“ ракување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …