Пукање пред британскиот парламент, повеќе ранети, можни жртви


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најмалку две лица се ранети, но може има и жртви, во пукањето пред британскиот парламент во средата во центарот на Лондон, по што се блокирани приодите кон зградата на британскиот законодавен дом, јавуваат тамошните медиуми, пренесува Макфакс.

Лондонската полиција соопшти дека се случил вооружен инцидент на Вестминстерскиот мост, недалеку од зградата на парламентот. Полицијата е испратена на теренот, беше објавено на Twitter.

Фоторепортерот на агенцијата Reuters јави дека на блискиот Вестминистерски мост по звуците кои наликувале на истрели, видел најмалку десетина ранети лица.

Агенцијата, пак, од неименуван извор во зградата на британскиот парламент кој е блокиран, добила информација дека се ранети 12 лица.

Очевидци за британските медиуми и на социјалните мрежи тврдат дека на мостот виделе тела на загинати. Но засега за овие информации нема потврда.

Стрелецот бил ликвидиран од полицијата, изјавил спикерот на долниот дом, пренесува агенцијата РИА. Според него, со повреда од нож се здобил еден полицаец.

Во моментов, затворен за сообраќај е мостот Вестминистер, како и истоимената станица на лондонската подземна железница.

Инцидентот, според сe судејќи, се одиграл на Вестминстерскот мост. Сето опкружување е блокирано, над местото кружи полициски хеликоптер, јави телевизијата Sky News, чијашто репортерска екипа е на местото на настанот.