ПСЖ спреми милиони и го „краде“ Де Лихт пред носот на Барса


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот шампион Пари Сент Жермен влезе во трката за капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт, пренесуваат англиските медиуми.

19-годишниот дефанзивец е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а до сега како фаворит за неговиот потпис важеше Барселона.

Меѓутоа, сега на сцена стапуваат богатите „светци“ кои се спремни да платат 85 милиони евра за Де Лихт, притоа да ја платат бараната провизија на неговиот агент Мино Раиола.

Медиумите тврдат дека Раиола бара провизија од 14 милиони евра, иако во моментов е под суспензија од УЕФА. Тој неможе директно да работи на трансферот, но неговите соработници работат под негова команда.

Токму тоа е и причината што го стопира трансферот на Де Лигт на „Камп Ноу“, бидејќи од Барселона немаат немара да му ја платат бараната сума на Раиола.

Сите заинтересирани клубови се откажаа и во моментов битката се води помеѓу Барселона и ПСЖ. „Светците“ немаат финансиски проблеми и се спремни веднаш да ја платат бараната сума, притоа му нудат поголема плата на Де Лигт за да го убедат да се пресели во Париз.

https://youtu.be/VPabfLfiU3w