Home Спорт ПСЖ победен: Се појави клуб на пазарот помоќен од Парижаните

ПСЖ победен: Се појави клуб на пазарот помоќен од Парижаните

Тотенхем успеа да ја придобие големата желба на ПСЖ.

Стоперот Естудијантес Хуан Фојт е на прагот на преминување во Тотехем, потврдија бројните англиски медиуми.

Овој 19-годишен стопер важи за еден од најталентираните во својата земја, па не е ни чудно што бројните клубови се обидоа да го ангажираат.

Естудијантес ја прифати понудата од Тотенхем вредна 10,5 милиони евра, а Фојт ќе потпише договор на пет години.

ПСЖ исто така го посакуваше Фојт, но Тотенхем беше поконкурентен и успеа да го земе кај себе и да го победи клубот од Париз кој ова лето доминираше на трансфер пазарот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…