ПСЖ И Реал спремаат сензационална трампа – Модриќ може да заврши во Париз


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ би можел да биде дел од сензационален трансфер и кариерата да ја продолжи во ПСЖ, пренесуваат шпанските медиуми.

Реал Мадрид наводно е спремен да влезе во преговори за Нејмар и така да им ги сруши плановите на својот лут ривар Барселона, која одамна сака да го врати бразилскиот напаѓач.

Парижаните се спремни да се откажат од Нејмар, но исто така сакаат и да профитираат после се, иако пред само две години го доведоа за 222 милиони евра.

ПСЖ бара од Реал во трансферот да го вклучи Лука Модриќ, а „кралевите“ се спремни да доплатат дополнителни 100 милиони евра.

Модриќ наскоро полни 34 години и минатата сезона доста се мачеше во Реал, но и понатаму е важна алка во составот на „кралевите“.

Сепак, доколу во следните денови се реализира трансферот на Пол Погба, на Модриќ ќе му биде отворена излезната врата.